[FPL] Тимски новости GW14

декември 18, 2020

Во прилог ви ги оставаме сите новости околу играчите што нема да настапат или нивниот настап е под сомнеж за 14-тото коло во Премиер лигата/

Арсенал

Во тимот на Арсенал нема да настапат Џака и Габриел кои се суспендирани, како и Озил кој веќе долго време е надвор од терените поради несогласувања. Томас Парти ќе отсуствува поради повреда, додека Мартинели сѐ уште не е кондиционо спремен за да игра натпревар.

Астон Вила

Во тимот на Астон Вила се повредени Весли и Трезеге. Под знак прашалник се Енгелс и Баркли кои заздравуваат од повреда, додека Конса постои можност да го пропушти натпреварот поради здравствени проблеми.

Барнли

На тимот на Барнли викендов нема да им бидат на располагање: Гудмундсон, Корк и Стивенс, кои сѐ уште не се кондиционо подготвени.

Брајтон

Лампти останува под знак прашалник за овој натпревар, бидејќи сѐ уште се рехабилитира од повредата.

Дополнително, Портер изјави дека Санчез ќе остане на голот и овој натпревар, што значи дека Рајан ќе биде на клупата против Шефилд.

Вест Бромвич Албион

Повредени во тимот на ВБА се Филд, Таунсенд и Робсон-Кану, додека Переира е суспендиран.

Вест Хем

На натпреварот нема да настапат: Кресвел, Антонио, Масуаку, Балбуена и Боувен, сите поради повреда.

Вулверхемптон

Џони и Хименез остануваат надвор од терените, додека Дендокер и Боли се неизвесни и постои шанса да настапат.

Евертон

Евертон викендов ќе игра без: Гбамин, Дињ, Делф, Алан и Хамес Родригез, од кои сите отсуствуваат поради повреда.

Кристал Палас

Меѓу стандардните повреди (Викам, Хенеси, Фергусон, Кели), единствен кој е неизвесен и постои шанса да се врати викендов е Сако. Бентеке ќе го пропушти натпреварот поради суспензија.

Лестер

Рикардо Переира е повреден и нема да настапи. Под знак прашалник се Кастањ, Сојунчу и Амарти, кои се во процес на рехабилитација од повредите.

Ливерпул

Веќе ни се познати повредите во тимот на Ливерпул: Ван Дајк, Гомез, Шакири, Милнер, Тијаго Алкантара, Жота и Цмикас. Единствен кој може да игра на овој натпревар е Матип.

Лидс

Повредени во тимот на Лидс се: Форшо, Берарди, Кох и Љоренте.

Манчестер Јунајтед

Џоунс останува надвор од терените бидејќи сѐ уште заздравува од повредата, додека неизвесен за настап е Кавани.

Манчестер Сити

Единствени повредени во тимот на Манчестер Сити се Зинченко и Гарсија. Една од работите што ги извести Пеп Гвардиола на прес-конференцијата, а може да ги засега ФПЛ менаџерите, е тоа дека Кевин Де Брујн нема да биде ротиран викендов и ќе биде во стартните 11 на натпреварот против Саутемптон.

Саутемптон

Во тимот на Саутемптон нема новости за повредени играчи.

Тотенхем

Како што нагласи Мурињо во прес-конференцијата која стана популарна низ социјалните мрежи, повредени во првиот тим на Тотенхем се Ламела и Танганга.

Фулам

Конголо е надвор од терените поради повреда, додека неизвесни за викендов е Тете.

Челси

Хаким Зијеш и Калум Хадсон-Одои се вратиле на тренинг со тимот на Челси и се неизвесни за натпреварот против Вест Хем.

Шефилд Јунајтед

О’Конел и Брајан се повредени за тимот на Шефилд, додека МекБурни и Берге се неизвесни.