[FPL] Тимски новости GW11

декември 4, 2020

Арсенал

Артета очекува Томас Парти да биде вклучен во составот на натпреварот против Тотенхем, но сѐ зависи од неговиот напредок. Од повредата успешно закрепнаа Пабло Мари и Калум Чемберс, кои се достапни за тимот на Арсенал.

Барнли

Ник Поуп и Џош Браунхил се достапни викендов за тимот на Барнли. Гудмундсон и Бардсли се неизвесни, додека Брејди и Стивенс се вратија на тренинзите. Џек Корк сѐ уште е надвор од терените.

Брајтон

Адам Лалана сѐ уште не е спремен да се врати во игра. Потер изјави дека е среќен што Лампти се враќа во игра откако му истече суспензијата и дека тој е многу значаен за неговиот тим, додека за Мопеј одлука ќе се донесе на денот на натпреварот.

Вест Бромвич Албион

Гибс и Ливермор се вратија на тренинзите со тимот, но се неизвесни дали ќе настапат викендов. Славен Билиќ околу повредата на Конор Таунсенд изјави дека очекува играчот да биде надвор од терените околу шест недели.

Вест Хем

Микаил Антонио нема да биде достапен за натпреварот против Манчестер Јунајтед, како и Фредерикс кој сѐ уште не е заздравен од повредата. Позитивна вест е тоа што Јармоленко се излечи од корона вирусот и тренира со тимот, па така постои шанса да го видиме викендов во игра.

Вулверхемптон

Ромен Саис се вратил на тренинзите со тимот уште на почетокот на неделата и е достапен за викендов. Раул Хименез одлично напредува со неговото закрепнување и се очекува наредната недела да ја напушти болницата, меѓутоа ќе биде потребно време додека се врати на терените после сударот со Давид Луиз.

Евертон

Нема нови повреди во тимот на Евертон, единствено надвор од терените се Колман и Дињ кои закрепнуваат од повреда.

Кристал Палас

Вилфред Заха успешно закрепна од вирусот и е достапен за викендов за натпреварот против ВБА.

Лестер

Переира се врати за тимот на Лестер откако одигра за нив во Лига Европа. Сојунчу заработи повреда и е неизвесен до денот на натпреварот, додека во слична ситуација се наоѓа и Вес Морган.

Ливерпул

Клоп потврди дека Арнолд и Кеита се враќаат на тренинг со тимот на Ливерпул, но неизвесно е дали ќе настапат на натпреварот против Вулверхемптон. Дополнително, додаде дека Окслејд-Чембрлен е блиску до враќање, но не овој викенд.

Лидс

Биелса потврди дека Љоренте после два месеци се враќа во игра, но тој ќе настапи за младинците за да ја поврати својата кондиција. Шеклтон и Хернандез нема да бидат достапни за натпреварот против Челси.

Манчестер Јунајтед

Маркус Рашфорд е главен проблем за Солшер, кој го напушти порано натпреварот против ПСЖ, но Оле се надева дека Англичанецот ќе му биде достапен за натпреварот против Вест Хем. Лук Шо не е подготвен за овој натпревар и нема да биде достапен за тимот на Јунајтед. Баји и Лингард се вратија после долг период во игра, но не забележаа минутажа во Лигата на шампионите и го поминаа натпреварот на клупата. Фил Џоунс се очекува да биде надвор од терените до крајот на декември.

Манчестер Сити

Серхио Агуеро тренира со тимот, но нема да настапи викендов против Фулам.

Саутемптон

Ингс го обработи својот прв тренинг со тимот оваа недела и се очекува за брзо време да се врати на терените.

Тотенхем

Мурињо се надева дека Хари Кејн ќе му биде достапен за натпреварот против Арсенал, а тоа за сигурно ќе го знае на денот на натпреварот кога ќе ги добие последните медицински извештаи.

Фулам

Скот Паркер изјави дека нема нови повреди во неговиот тим. Кени Тете е вратен на тренинзите со тимот на Фулам, но сѐ уште не е спремен да се врати во игра.

Челси

Френк Лампард беше запрашан околу тоа дали има повредени играчи пред дуелот со Лидс, а неговиот одговор беше краток и јасен:

„Сите се здрави!“

Шефилд Јунајтед

Вајлдер се надева дека Стивенс и Ампаду ќе му бидат достапни за викендов, но одлуката ќе ја донесе на денот на натпреварот.