[FPL] Разликувај се од другите GW14

декември 18, 2020

Новото коло започнува веќе утре, а дедлајнот е во 12:00 часот! Бидејќи распоредот е згустнат и постои голема шанса од секакви ротации, ќе предложиме само двајца за ова коло.

• Чарли Тејлор (4.4м) повторно имаше клин шит и ова е веќе 4-ти натпревар од последните 6, екипата на Барнли да ја сочува својата мрежа. Тејлор е најповолниот пик во дефанзива кога ќе се земат в предвид неговата цена, првотимскиот статус и начинот на кој игра Барнли, а во наредниот период имаат солиден распоред и сето тоа зачинето со дупло 19-то коло. Го поседуваат 4.1% ФПЛ менаџери.

• Дејвид МекГолдрик (5.1м) постигна 2 гола против Манчестер Јунајтед пред 2 дена и шутираше 5 пати кон голот на Дин Хендерсон (3 во рамките на голот). Во следните 5 кола, екипата на Шефилд Јунајтед има 3 дуели со директни конкуренти за опстанок оваа сезона и веројатно тоа е последната шанса да се фати приклучок со останатите. Човекот кој постигна 4 од 7-те гола на Шефилд можете да го купите за само 5.1 милион и ова е вистински момент да го направите тоа. Го поседуваат само 0.7% ФПЛ менаџери.