[FPL] Разликувај се од другите GW13

декември 15, 2020

Новото коло започнува за нешто помалку од 48 часа по завршувањето на последните натпревари во претходното. Декемвриското лудило започнувајќи од ова коло, ќе ни донесе уште 4 кола и најбитно е да имате што поголем ростер бидејќи ротациите се неизбежни во вака згуснат распоред. За ова коло во оваа категорија ќе ви понудиме 2-ца дефанзивци и еден напаѓач:

Рубен Диас (5.6м) заклучивме дека со Едерсон е дефанзивецот со најголема минутажа на Пеп Гвардиола. Манчестер Сити до 22-то коло има најдобар распоред во Премиер лигата и доколку Пеп не започне со ротирање на неговиот најдобар стопер, Диас е одлично решение на долг рок. Го поседуваат 4% ФПЛ менаџери.

Мет Таргет (4.5м) е најевтиното решение од одбраната на Астон Вила кои во следните 2 натпревари ги пречекуваат Барнли и гостуваат кај ВБА и ова се дуели со потенцијална сочувана мрежа. Единствен проблем кај Таргет е што тој досега има 4 жолти картони и следниот ќе значи пауза од еден натпревар. Го поседуваат 2.9% ФПЛ менаџери.

Нил Мопеј (6.1м) ги одигра сите 90 минута против Лестер и упати 2 шута кон противничкиот гол откако промаши пенал против Ливерпул и се повреди, а потоа влезе во игра во 65-та минута во поразот против Саутемптон. Во следните 2 натпревари, Брајтон игра со Фулам и Шефилд Јунајтед и ова ќе биде одлична шанса Мопеј да се врати на голгетерските патеки. Го поседуваат 2.2% ФПЛ менаџери.