[FPL] Разликувај се од другите GW11

декември 4, 2020

Нашиот избор за играчите кои постои можност да ви дадат предност во однос на другите ова коло се состои од следниве:

Јан Беднарек (4.5м) е третиот или можеби и четвртиот избор од одбраната на Саутемптон по голманот МекКарти, Вокер-Питерс и можеби Вестергард. Саутемптон имаат прилично лесен распоред во наредните неколку кола и за очекување е да забележат клин шит, можеби уште и ова коло. Беднарек е поевтин 0.1м од првите двајца и 0.2м од третиот горенаведен играч. Минатото коло успеа да се запише во листата на стерлци за прв пат оваа сезона. Го поседуваат 2.7% ФПЛ менаџери.

Ријад Марез (8.3м) експлодираше минатото коло со хет-трик и 6 креирани шанси за своите соиграчи. Пеп го одмори во дуелот од ЛШ против Порто и се очекува повторно да биде стартер во дуелот со Фулам. Веројатно во овој густ распоред што ги очекува Манчестер Сити, Пеп ќе го одмори на еден или два натпревари, но доколку поседувате играчи од синиот дел на Манчестер навикнати сте на вакви ситуации и очигледно само Едерсон има загарантирано место во стартните 11. По дуелот со Фулам му гостуваат на градскиот ривал, Манчестер Јунајтед, за потоа да имаат релативно добар распоред. Го поседуваат 7.1% ФПЛ менаџери.

Единсон Кавани (8.1м) беше главниот виновник за победата на Манчестер Јунајтед минатото коло откако по неговото влегување директно учествуваше во сите 3 гола (асистенција и 2 гола) за голем пресврт на гостувањето кај Саутемптон. Одигра 79 минути против ПСЖ во рамките од ЛШ и голема е веројатноста тој повторно да биде стартер викендов на гостувањето кај Вест Хем бидејќи Марсијал се наоѓа во очајна форма кога е во прашање завршницата. Го поседуваат само 2.8% ФПЛ менаџери.