[FPL] Капитени GW13

декември 15, 2020

Кевин Де Брујне (11.9м) е дефинитивно првиот пик за капитен ова коло бидејќи игра на домашен терен против ВБА и заедно со неговите бројки од претходните натпревари имаме во најава голем двоцифрен број на поени. Единствена пречка може да биде само Пеп Гвардиола доколку се одлучи да го одмори Белгиецот кој ги испрати Барнли и Фулам од Етихад со 3 асистенции и 1 погодок.

Бруно Фернандеш (11.0м) е втор пик за капитен ова коло веднаш зад КДБ, бидејќи гостува кај најлошиот тим оваа сезона и веројатно првиот патник кон Чемпионшип. На последното гостување против Вест Хем, за само 45 минути Португалецот успеа да искреира 8 шанси (2 големи) за своите соиграчи, а доколку се земат вкупно последните 4 негови натпревари, тој искреира вкупно 17 шанси (5 големи) и шутираше 10 пати кон противничкиот гол (6 во рамките на голот).

Рахим Стерлинг (11.4м) / Ријад Марез (8.4м) се двете опции доколку сакате да се разликувате од останатите играчи кои ќе се одлучат за претходните два пика. Никогаш не можете да претпоставите кој од овие двајца ќе блесне и ќе постигне неколку погодока или повеќе ќе асистира. Последните неколку кола значајно ги поправија своите скромни статистички бројки кои ги поседуваа во првите 7-8 кола и доколку Пеп се одлучи за својот најсилен состав со кој им се спротивстави на своите градски ривали, ВБА би можел да го напушти Етихад како и Барнли. Ако еден од овие двајца е вашиот избор, не би било преголем ризик бидејќи кога Пеп ги одмара своите играчи, тие најчесто не влегуваат воопшто во игра и автоматски ќе се активира вашиот вице-капитен.