[FPL] Капитени GW11

декември 5, 2020

Поради одложениот натпревар помеѓу Астон Вила и Њукасл, новиот дедлајн е во 12:00 часот. Ова е нашиот избор за капитен ова коло:

• Кевин Де Брујне (11.7м) минатото коло асистираше два пати, а за сите кои не го поседуваат вистинска среќа беше што остана на тие две асистенции и 10 поени. Изминативе 4 кола има креирано 11 шанси за своите соиграчи, од кои 3 големи и упати 16 шута кон противничкиот гол, 2 во рамките на голот. Тој беше поштеден во дуелот со Порто во рамките од ЛШ и мали се шансите дека Пеп нема да го започне натпреварот со КДБ. На гости им доаѓа Фулам, кој изминативе неколку кола делува како посериозна екипа за разлика од стартот на сезоната кога изгледаа дека ќе испаднат од лигата до 20-то коло, но сепак на Етихад, Манчестер Сити е суров со противници кои се борат за опстанок и често знаат да ги испратат со 4, 5 гола во нивната мрежа.

• Бруно Фернандеш (10.9м) продолжува со неговите одлични натпревари и повторно минатото коло асистираше и постигна погодок, за нови негови 10 ФПЛ поени. Манчестер Јунајтед им гостуваат на Вест Хем кои по поразот во првото коло од Њукасл, повеќе не изгубија на домашен терен и ова би можело да биде потенцијален проблем за Бруно. Во последните 4 кола има 9 креирани шанси (4 големи шанси) и 17 шута кон противничкиот гол (7 во рамките на голот).

• Џејми Варди (10.3м) им гостува на Шефилд Јунајтед кои се на пола пат кон Чемпионшип доколку не реагираат правилно во зимскиот трансфер период или можеби со промена на нивниот долгогодишен менаџер, Крис Вајлдер. Варди е роден во Шефилд, но тој е навивач на најголемиот ривал на Шефилд Јунајтед, Шефилд Венздеј и овој дуел за него е секогаш мотив плус да одигра подобро. Изминативе 4 кола има 5 креирани шанси (2 големи) и 12 шута кон противничкиот гол (8 во рамките на голот).