Најава на петтото коло во Лигата на шампионите

декември 1, 2020

ВТОРНИК

Локомотив Москва – Салзбург

Пред почетокот на овогодинешното издание од Лигата на шампионите, ова требаше да биде дуел за трето место во оваа група, но поради лошото издание на избраниците на Симеоне во оваа група сѐ уште се е отворено. Ова може да биде клучен натпревар за двата тима, па затоа можеби и нема да има голем број на голови што е редок случај за гостите од Австрија кои играат апсолутно офанзивен фудбал. За разлика од нив, домаќините се полни со самодоверба по одиграните 0-0 во Мадрид, па така овој натпревар може да биде еден од најзначајните натпревари оваа коло.Ако домаќините успеат да ја „умртват“ играта како што знаат да га прават тоа, можат да се надеваат на позитивен исход, но Салзбург мора да напаѓа од самиот почеток и да оствари победа на оваа тешко гостување во Русија.

Шахтјор – Реал Мадрид

Азар е повторно 2 недели надвор од терените, а шокантниот пораз за викендот од аутсајдерот Алавес уште еднаш покажа дека Реал е далеку од својата препознатлива форма и својот победнички менталитет. Она што ги радува домашните е тоа што на првиот натпревар направија изненадување на Бернабе и дека уште еднаш ќе имаат шанса да ги „помрсат” сметките на кралскиот клуб. Меѓутоа, Реал секогаш е фаворит без разлика во која форма се наоѓа, а и тешко дека ќе дозволи два пати во краток временски период да биде поразен од шампионот на Украина, па така се очекува лесна победа и чекор поблиску од местото кое води во нокаут фазата во Лигата на шампионите.

Аталанта – Митјиланд

Во овој дуел тимот на Гасперини е апсолутен фаворит и сѐ освен победа во овој натпревар би било вистински шок, како за домашниот тим, така и за љубителите на фудбалот ширум светот. Митјиланд е последен на табела без ниту еден освоен бод, а во последното коло го дочекува Ливерпул со што тешко дека ќе може да дојде до првите бодови во својата историја во ова натпреварување. Аталанта мора да го добие овој дуел, но сѐ уште нема да биде сигурен патник во 1/8 финалето, па така дуелот со Ајакс во последното коло може да биде директен дуел во борбата за Лигата на шампионите или пак за местото кое води во Лига Европа.

Атлетико Мадрид – Баерн Михен

Атлетико Мадрид и оваа година ја игра својата препознатлива игра, па така четата на Симеоне во овој натпревар влегува како благ фаворит поради тоа што за гостинскиот тим овој натпревар нема апсолутно никакво значење. Тие уште минатото коло го обезбедија првото место и апсолутно може да се посветат на Бундес Лигата, па така избраниците на Флик за утрешниот натпревар се вистинска мистерија за јавноста затоа што не се знае со кој состав ќе настапат и дали главните играчи ќе добијат заслужен одмор против една од најдобрите екипи во Европа изминатите сезони. За разлика од гостинскиот тим, Симеоне мора да оди на победа овој натпревар и мора да покаже дека во оваа група не треба да има дилеми и дека тие се многу поквалитетни екипи од Салзбург и Локомотив, но тимот на Баерн не сака да ја прекине својата рекордна серија од 15 победи во Лигата на шампионите, па така не знаеме многу што можеме да очекуваме од овој натпревар.

Борусија Менхенгладбах – Интер

Екипата на Конте стравува за пролетниот дел од сезоната затоа што по катастрофалната игра изминативе натпревари тешко дека ќе можат да дојдат и до третото место. Сепак, доколку победат во овој натпревар теоретски уште можат да се надеваат на нокаут – фазата, иако моментално тоа изгледа како некоја фантазија, но со пораз на Шахтјор тие во последниот дуел против украинскиот тим во директна борба ќе можат да обезбедат место во Лига Европа оваа сезона. За разлика од нив, домаќините се први на табелата и со победа во овој натпревар теоретски ќе се пласираат во нокаут рундата што ќе биде голем успех за германскиот тим, кој во оваа група покажа дека му е местото во Европа и дека офанзивниот фудбал кој го негува му носи историски резултати кои ги носат степен погоре во овогодинешната сезона.

Ливерпул – Ајакс

Ливерпул е во мини криза , а со повредата на Милнер прашањето кој ќе игра десен бек на утрешниот натпревар претставува голема мистерија. Неко Вилијамс не ги оправда засега очекувањата на Клоп, кој изјави дека Алкантара нема да заигра оваа година , па така големиот број на повредените играчи не му дозволуваат на првакот на Англија да ја фати својата препознатлива форма. Утре им гостува Ајакс, тимот кој игра феноменално во Холандското првенство а во првиот натпревар помеѓу овие две екипи во Амстердам покажа дека може да се надигрува, па така и утре се надеваат дека со малку среќа ќе успеат да остварат добар резултат на Енфилд. По минато-неделниот пораз од Аталанта, Ливерпул покажа дека и тие се ранливи оваа сезона, а со евентуален пораз тие сѐ уште ќе можат да одат во нокаут фазата со победа во последното коло против аутсајдерот Митјиланд, каде што победа во овој натпревар не треба да претставува проблем за избраниците на Јирген.

Марсеј – Олимпијакос

Еден од најнеатрактивните дуели во оваа коло. Ова е пресметка за третото место кое води во Лига Европа, но проблемот за избраниците на Андре Виљаш Боаш е тоа што и покрај четирите порази оваа сезона тие немаат постигнато ниту еден погодок. За разлика од нив, грчкиот првак има постигнато само еден погодок, затоа дуелот во Франција тешко дека може да ни понуди натпревар со голем број на голови, па така според многумина Олимпијакос ќе се обиде да одигра максимално дефанзивно во овој натпревар и со позитивни вибрации да се врати назад во Грција каде што во последното коло ќе се обиде да оствари учество во Лига Европа што е реална граница која може да ја оствари овој тим.

Порто – Манчестер Сити

Ова е дуел за првото место во групата, а избраниците на Пеп ќе дадат сѐ од себе едно коло пред крајот да го освојат прилично многу посакуваното прво место. Сити полека ја пронаоѓа својата форма, па така оваа година се надева дека може да конкурира за долгоочекуваната титула во ова натпреварување. Порто нема што да загуби на овој натпревар па ќе се обиде да се надигрува со англискиот гигант, па затоа на овој дуел можеме да очекуваме голем број на погодоци на двете страни и вистинско уживање за неутралните љубители на фудбалот.

СРЕДА

Башакшехир – Лајпциг

По победата над Манчестер на домашен терен, тимот од Турција покажа дека може да биде незгоден противник и дека може да се надигрува со секого на својот домашен терен. Избраниците на Нагелсман мора да одат по 3 бода и така да ја продолжат трката со ПСЖ и Манчестер Јунајтед и битката за едно од двете места кои водат до посакуваната нокаут фаза. Оваа група ќе биде најинтересна до крајот затоа што сите три тима го имаат потребниот квалитет за влез меѓу најдобрите 16, но во овие две кола конечно ќе го добиеме одговорот кои ќе бидат двата патника од оваа група. Лајпциг е фаворит во овој натпревар и нема право на грешка, а доколку не успеат да се вратат со трите бода од овој натпревар многу тешко дека ќе можат да се надеваат повторно на влез во нокаут фазата и повторување на минатогодишниот успех кога стигнаа до полуфиналето во оваа натпреварување.

Краснодар – Рен

Ова е директна борба за влез во Лигата на Европа и тешко дека може да очекуваме атрактивен натпревар. Во овој натпревар и двете екипи ќе играат крајно внимателно и ќе ја чекаат грешката на противникот, но според многумина овој натпревар многу лесно може да заврши без победник затоа што играта која ја практикуваат овие два тима не е за ова ниво на натпреварување. Меѓутоа и влез во Лига Европа е голем успех, па така и двата тима ќе дадат сѐ од себе да обезбедат влез во Европа оваа пролет и да се обидат во тоа натпреварување да го покажат својот талент и да стигнат што подалеку во тоа натпреварување.

Борусија Дортмунд – Лацио

Овој викенд Дортмунд загуби неочекувано од тимот на Келн, додека пак гостинскиот тим загуби од тимот на Удинезе на Олимпико со што и двата тимови покажаа дека може да победат секого, но и да изгубат од секого. Халанд и Имобиле ќе бидат вистинска опасност за противничките голови, па така овој натпревар лесно може да оди во правец на голем број постигнати погодоци, со тоа што одбраните ќе мора да бидат на висината на задачата и да ги спречат противничките ѕведи да дојдат до гол шанса. Овој натпревар е значаен и за двете екипи, а на крајот може и да одреди кој ќе биде прв во оваа група и ќе добие навидум на „хартија“ полесен противник во 1/8 финалето.

Клуб Бриж – Зенит

Бриж со победа во овој натпревар ги задржува шансите за пласман во нокаут фазата, но исто така победата му носи најмалку пласман во Лига Европа. Од друга страна тимот на Зенит мора да се обиде да не изгуби затоа што со пораз тие сигурно ја завршуваат својата авантура во Европа оваа година. Домашните се во блага предност, но лесно овој натпревар може да оди во два правци, а реномето на овие два клуба им дава можност со пласман во Европа да остварат огромен успех затоа што според квалитетот и двата тима се подалеку од Лацио и Дортмунд. Можеби ова е еден од најнеизвесните натпревари ова коло, па така ќе биде интересно да се види завршницата и како ќе се развива ситуацијата во оваа група.

Ференцварош – Барселона

Минатото коло Ференцварош загуби во последните минути со голот на Мората во дуелот во Торино против Јувентус и така ги освои срцата на неутралните љубители на фудбалот. Со тоа тие покажаа дека не се случајно во најсилното клубско натпреварување, а сега го дочекуваат тимот кој во последните два натпревари против Осасуна и Динамо Киев има скор од 8-0 ( две победи од 4-0). Меѓутоа Барса го обезбеди својот пласман во нокаут фазата додека во Ла Лигата мака мачи со пронаоѓање на својата форма, па така можеме да кажеме и дека овој натпревар во најмала рака е позначаен за Ференцварош, кој сѐ уште сонува за Лига Европа и доколку се најдат на тоа толку посакувано трето место тоа ќе биде вистински подвиг на малиот тим, кој со својата игра покажа дека му е местото во модерниот фудбал и дека ќе се обиде уште повеќе да се развива во иднина и да создава млади таленти кои ќе влезат во аналите на фудбалската историја.

Јувентус- Динамо Киев

Пирло и неговите избраници се мачат да ја пронајдат формата оваа сезона, па така според резултатите Јувентус е далеку од оној стар сјај кој ги красеше претходните години. За викендот играа без Роналдо, па така одиграа само „сиромашни” 1-1 против новајлијата во Серија А – Беневенто, со што покажаа дека без Португалецот тешко можат да дојдат до 3 бода против било кој тим во моментов. Утре тие го очекуваат тимот на Динамо кој оваа сезона има голем број на проблеми, почнувајќи со корона вирусот па и со повредите, и тие се надеваат дека во последниот натпревар против Ференцварош во директна борба за третото место ќе успеат да обезбедат учество во нокаут рундата во Лига Европа оваа сезона.

Манчестер Јунајтед – ПСЖ

Дербито во оваа коло го имаат светлата на „Oлд Трафорд”, каде што тимот на Солшер е инспириран од неверојатниот пресврт за викендот кога против Саутемтон од 2-0 успеаја да дојдат до 2-3 на крилјата на Кавани, кој влезе во второто полувреме и покажа дека сѐ уште е еден од најдобрите деветки во поновата историја на фудбалските магионичари. За разлика од Јунајтед, ПСЖ за викендот одигра 2-2 на домашен терен против тимот на Бордо, но тука ќе мора да одат на сите 3 бода затоа што во оваа група е премногу комлицирано, па така сигурно последноото коло ќе ни даде одговор на тоа кој ќе оди во 1/8 финалето а кој ќе се задоволи со учество во Лига Европа, каде што несомнено кој и да оди на непосакуваното трето место ќе биде еден од фаворитите за освојување на Лига Европа оваа сезона.

Севиља – Челси

Во оваа група е сѐ решено освен првото место, па така овој дуел најверојатно ќе ни ја расчисти таа дилема. Одбраната на Челси во моментов делува прилично сигурно, но и Севиља со Лопетеги игра сигурен фудбал кој им носи добри резултати, па така освојувачот на Лига Европа минатата година оваа година успеа да оди во 1/8 финалето од Лигата на шампионите, каде што ќе се обиде да покаже зошто е еден од најперспективните тимови во Европа и да се бори за што подобар пласман. Во овој натпревар нема да е изненадување доколку има мал број на погодоци, но со тоа што овој натпревар може да не биде од енормно значење може и двете екипи да се определат за напаѓачки фудбал и да пружат една добра партија за крај на петтото коло оваа сезона.