За нас

Gameplan е македонски спортски портал каде имате можност да се запознаете со спортот од аналитички аспект, поразличен од секојдневните новости кои ги пласираат медиумите. Нашиот тим се состои од група на млади ентузијасти и спортски фанатици, чија цел е да го пополнат просторот кој што со години е празен во македонските медиуми.

Нашата мисија е да продреме подлабоко во спортовите кои веќе доволно се следат на нашето поднебје, но истовремено се обидуваме да ја доловиме убавината и комплексноста на американскиот фудбал, боречките спортови и другите спортови кои не се следат толку активно кај нас и не се посветува доволно внимание за нивно експонирање во нашата држава.

Љубителите на Фантази Премиер Лигата ќе можат да пронајдат совети од искусни менаџери од кои некои се со повеќе финиши во топ 10к во светот, топ 3 во нашата земја и долгогодишно искуство во пишување статии на оваа тематика. Покрај Премиер Лигата, нашиот тим има искуство и во фантази игри од останатите спортови.

www.gameplan.mk

Уредници:
Бојан Стојановиќ

Давид Спасовски

Иван Јакимовски

Марио Ѓоргиевски

Перица Митревски

Петар Ангелов

Контакт:

contact@gameplan.mk